Дома Трансфер зона За иднината на Кварцкелија се огласи неговиот татко

За иднината на Кварцкелија се огласи неговиот татко

Грузиецот Квича Кварцкелија е еден од фудбалерите кои се желба на Барселона во летниот преоден рок, меѓутоа поради финансиската криза во каталонскиот гигант тешко е да дојде до реализација на овој трансфер.

За потенцијалниот трансфер на Кварцкелија зборуваше неговиот татко Бадри кој не само што не очекува неговиот син да потпише за Барселона, туку вели и дека воопшто тешко би дошло до трансфер.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Задоволен сум со Скудетото кое го освои со Наполи, мојот Квича имаше огромен придонес. Им благодарам на Италија и Неапол што го дочекаа на тој начин и што го ценат како човек и фудбалер.

За тоа дали ќе замине или ќе остане може да зборува само тој, но според моето мислење ќе продолжи да го носи дресот на Наполи“, изјави таткото на грузискиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лукаку спремен да каже ДА на понудата од Саудиска Арабија

Ромелу Лукаку оваа сезона игра во Рома како позајмен фудбалер од Челзи, но неговата иднина…