Пеп Гвардиола присуствуваше на фудбалски турнир во Мајорка, а оваа прилика новинарите ја искористија да му постават и неколку прашања.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тема на разговорот беше Рафаел Надал кој вчера во Париз го освои Ролан Гарос со што стигна до 22. гренслем титула во кариерата и 14-та титула на Ролан Гарос. Гвардиола за Надал имаше само пофални зборови.




„Тој е неверојатен, зборуваше дека има проблеми со повредите, но и покрај тоа победува. Едноставно не можете да го запрете. ако ги издржи проблемите со стапалата верувам дека и понатаму ќе игра и ќе победува на највисоко ниво“.




Еден од новинарите го праша Гвардиола дали го смета Надал за најдобар шпански спортист на сите времиња.




„Тешко е да се споредуваат индивидуалните и екипните спортови, Шпанија имала и има многу големи спортисти. Но без сомнение никој не е трае толку долго како Рафа“, одговори Гвардиола.




Одговорот можеби е реален, но за многумина е и изненадувачки затоа што е познато дека Надал е голема „мадриста“, а Пеп долго време седеше на клупата на Барселона.