Дома Ракомет Започна Светското првенство во Скопје, Македонија игра вечерва

Започна Светското првенство во Скопје, Македонија игра вечерва

Македонија од денеска па до 30-ти јуни ќе биде домажин на 24. Светскио јуниорска првенство во женска конкуренција. Ова е и прв Мундијал за ракометарки до 20 години во кој ќе се натпреваруваат 32 репрезентации.

Натпреварите веќе започнаа и тоа од девет часот во СЦ „Борис Трајковски“ и „СЦ „Јане Сандански“.

Македонија на првенството ќе игра во групата „Х“ каде шт осе уште Исланд, Ангола и САД. Прв противник за младите македонски ракометарки е САД. Натпреварот се игра вечерва од 20:15 часот. Со Исланд се среќаваме во петок од 18:00 часот, а во недела од 20:15 часот противник ќе ни биде Ангола.

Македонската репрезентација сите натпревари во групната фаза ќе ги игра во „Борис Трајковски“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Брезовски го понесе знамето во Дакар, Македонија ќе настапи во три спорта

Марио Брезовски, Ева Митевска и Петар Цеков се македонските претставници на Младинските ол…