Дома Фудбал Запален „алармот“ во Барса: Ова е загрижувачки, не смееме да дозволиме вакви порази!

Запален „алармот“ во Барса: Ова е загрижувачки, не смееме да дозволиме вакви порази!

Барселона вчера беше поразена на гостувањето кај Гранада со 2:0 и тоа е најлошиот старт на каталонскиот клуб од 1994 година во Примера.

Барселона е седмопласирана на табелата со две победи, два порази и едно реми, па се запали „алармот“ на „Камп Ноу“.

„Ова е пораз кој загрижува, мораме добро да работиме на многу работи. Мораме да погледнеме околу себе и да направиме напредок. Кога почнавме со примениот гол во првите минути, тоа направи целата ситуација да биде комплицирана и не бевме доволно решителни“, вели Суарез.

„Играме многу лошо на гостувањата. Играчите се тие кои губат или победуваат на терен, но и јас чувствувам одговорност за ова што се случи. Не заслуживме да победиме“, изјави Ернесто Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три офсајди го оставија дербито без голови, ФФМ ги покажа спорните моменти

ФФМ ги објави снимките од трите поништени погодоци во Гостивар и ги оцени судиските интерв…