Раководствот на Виљареал му даде отказ на тренерот Хави Кајеха, потврди денес клубот на својата официјална страна.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
40-годишниот стратег доби отказ поради серијата на лоши резултати. Имено, Виљареал моментално се наоѓа на 17-то место во Примера со само 14 освоени бода.
Викенов „жолтата подморница“ загуби од Селта на домашен терен и остана на само три победи од почетокот на сезоната.
Раководството на Виљареал треба брзо да најдат решение за клупата бидејќи клубот во четврток игра решавачки меч во Лига Европа.
Un millón de gracias, Javi Calleja ?. pic.twitter.com/iBoVJJmupz
— Villarreal CF (@VillarrealCF) December 10, 2018