Дома Фудбал Лига на шампиони Жесус го реши дербито, Милан ќе се надева на нокаут фаза, Спортинг ја „елиминираше“ Борусија!

Жесус го реши дербито, Милан ќе се надева на нокаут фаза, Спортинг ја „елиминираше“ Борусија!

Денешните натпревари во Лигата на шампионите го донесоа и големото дерби помеѓу Манчестер Сити и ПСЖ.

Манчестер Сити од самиот почеток на натпреварот доминираше и создаваше шанси за гол, меѓутоа изостануваше реализацијата. ПСЖ во првиот дел сериозно се закани само еднаш и тоа преку Мбапе.

Токму Мбапе на стартот од вториот дел после само четири минути игра, иако Сити претходно доминираше го доведе ПСЖ до водство. Веднаш по голот на Мбапе реагираше Пеп Гвардиола и на теренот го уфрли Габриел Жесус, тоа можеби беше и клучниот момент во натпревар.

Жесус во 63. минута му асистираше на Стерлинг за изедначување, а 13 минути подоцна и самиот се запиша во листата на стрелци за целосен пресврт. До крајот на натпреварот резултатот не се промени, па Сити забележа победа со која го обезбеди првото место во групата на едно коло пред крајот. ПСЖ пак сигурно ќе биде второпласиран.

Спортиг Лисабон одигра фантастичен натпревар, ја победи Борусија Дортмунд со 3:1 и така си обезбеди место во 1/8 финалето, додека „милионерите“ ќе одат во Лигата на Европа. Педор Гонсалвеш постигна два гола во првото полувреме. Имаше прилика и за хет-трик Гонсалвеш но, не реализираше пенал, во листата на стрелци се запиша Поро. Почесниот гол за Борусија во самиот фини го постигна Мален.

Милан не дозволи да биде елиминиран и со победа против Атлетико Мадрид си ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Во Мадрид „росонерите“ забележаа минимална победа од 0:1 со гол во 83. минута на Месиас. Милан сега е трет со четири бода, исто толку има и Алтетико, Порто е втор со пет. Ливерпул е сигурен на врвот со 15 бода. Во последното коло Милан ќе се сретне со Ливерпул, додека Порто и Атлетико играат меѓусебе.

Ливерпул вечерва беше сигурен против Порто и оствари триумф од 2:0 со головите на Салах и Алкантара.

Реал Мадрид не дозволи изненадувања и против Шериф Тираспол славеше победа од 0:3. Алаба и Крос постигнаа голови во првото полувреме. Бензема ги постави конечните 0:3 со голот во вториот дел. Од оваа група во следната фаза продолжуваат Реал Мадрид и Интер.

Лајпциг ја забележа најубедливата победа и со 0:5 славеше против Клуб Бриж на гостински терен. Четири гола Лајпциг постигна само во првото полувреме. Стрелци беа: Нкунку, Форсберг (два) и Андре Силва. До втор гол во второто полувреме дојде и Нкунку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рангник ја носи ѕвездата на Лајпциг на „Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пр…