Дома Фудбал Жардим бара засилувања: Да не ни се повтори минатата сезона!

Жардим бара засилувања: Да не ни се повтори минатата сезона!

Тренерот на Монако, Леонардо Жардим смета дека тимот сѐ уште не е комплетен и дека му требаат нови играчи.

Вчера Монако го купи фудбалерот од средниот ред на Атлетико, Желсон Мартинс, кој последните шест месеци играше како позајмен фудбалер во „кнежевството“.

„Раководството на клубот работи на создавање конкурентен тим. Играчите знаат дека треба максимално да работат, дури и оние кои сакаат да го напуштат Монако. Нашиот состав не е целосен. Амбициите за новата сезона зависат од играчите кои ќе бидат на располагање“.

„Составот ги одредува целите. Сакам да видам нови играчи за да создадам конкурентна средина. Сите знаеме што ни се случи минатата година. Некои играчи имаа добра сезона, но ни треба поизбалансиран состав за да има конкуренција и високи амбиции“, изјави Жардим.

Минатата сезона Монако едвај се избори за опстанок во најсилната лига, па оваа сезона сака да направи конкурентен тим, за повторно да се бори за воски позиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јахта од 147 метри и милионска трага: Газдата на Сити во фокусот на аферата „1MDB“

Суперјахтата „Topaz“, поврзувана со шеикот Мансур, повторно го привлекува вниманието порад…