Дома Трансфер зона Ефект од хет-трикот против Тотенхем: Оршиќ преговара со клубови од Италија

Ефект од хет-трикот против Тотенхем: Оршиќ преговара со клубови од Италија

Mислав Оршиќ одигра супер натпревар против Тотенхем постигнувајќи хет-трик со кој придонесе за елиминација на „петлите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Динамо во своите раце има нов бисер од кој веројатно добро ќе ја наполни касата. Хрватите одлично знаат да работат на трансфер пазарот, а медиумите веќе го поврзуваат Оршиќ со трансфер во Италија.

Оршиќ во кариерата веќе има искуство со играње во Италија. Во сезоната 2013/2014 го носеше дресот на Специја која во тоа време беше дел од Серија Б и успеа да собере само 11 настапи.

Агентот на Оршиќ Бранко Хучика за „Калчомеркато“.

„Постојат контакти и некои почетни преговори со клубови од Италија. Оршиќ тогаш беше млад и не го знаеше јазикот, требаше да учи за да ја разбере тактиката на неговиот тим и јазикот беше проблем. Во овој момент сум во контакт со неколку италијански клубови. Сега тој има 28 години и не би кажал не на враќање во Италија“, изјави Хучика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…