Дома Трансфер зона „ЕСПН“: Сити влегува во игра за потписот на Рамос!

„ЕСПН“: Сити влегува во игра за потписот на Рамос!

Капитенот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Серхио Рамос би можел ова лето да се пресели во Манчестер Сити. Според пишувањата на „ЕСПН“ англискиот клуб е спремен да му понуди договор на две години.

На Рамос му остана помалку од еден месец до истекот на актуелниот дсоговор со „кралевите“, а клубовите на големо проценуваат какви се шансите да дојдат до 35 годишниот дефанзивец.

Свои шанси на фудбалскиот пазар гледа и актуелниот шампион на Европа и англиски шампион кој пред два дена остана без важен трофеј.

Според „ЕСПН“ Сити е спремен на Рамос да му понуди договор на две години со веројатно подобри услови од оние што би му ги дал Реал од каде што доаѓа како слободен играч.

Истиот извор наведува дека не е исклучена можноста за продолжување на договорот на една година.
На потег е Реал Мадрид кој би сакал да ја обнови соработката со фудбалерот, но и понатаму постојат несогласувања околу должината на новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи ангажираше нов голман

Челзи денес го потврди првото засилување за новата сезона, а станува збор за голманот на Ф…