Дома Видео Емотивно видео: Енди Мари се расплака и најави крај на кариерата

Емотивно видео: Енди Мари се расплака и најави крај на кариерата

0

Британскиот тенисер, Енди Мари на емотивна прес-конференција најави дека Австралија Опен може да му биде последен турнир во неговата кариера.

Мари со солзи во очите раскажуваше за сите негови проблеми со кои се соочил во последните две години.

„Не се чувствувам добро, патам веќе долго време. Претрпев многу болка во изминативе 20 месеци. Направив речиси се што можев за да го подобрам мојот колк, но ништо не помогна. Подобар сум во споредба пред шест месеци, но се уште имам силни болки. Можам да играм на одредено ниво, но не на нивото на кое играв претходно. Мислам дека постои голема шанса Австралија Опен да биде мојот последен турнир. Сакам да го дочекам Вимблдон и таму да ставам крај, но не верувам дека ќе издржам уште четири или пет месеци со оваа болка.“ – изјави низ солзи Британецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Од Стојаково до Кина со Рено 4: Поминаа 11.000 километри и го развеаа македонското знаме на кинескиот ѕид! (ФОТО)

Maкедонците Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев направија еден навистина интересен спортски подвиг…