Дома Трансфер зона Емери даде зелено светло: Арсенал го „краде“ Караско пред носот на Милан!

Емери даде зелено светло: Арсенал го „краде“ Караско пред носот на Милан!

0

Англиските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Арсенал, Унаи Емери дал зелено светло за трансферот на белгискиот репрезентативец Јаник Караско.

Караско, кој моментално игра во Кина, сака да се врати во Европа, а за неговиот потпис силен интерес покажуваат уште Милан и Манчестер Јунајтед.

Караско играше одлично во Атлетико Мадрид пред да изненади многумина со својата одлука да се пресели во кинескиот Далијан Јафинг.

Милан беше во пол-позиција за неговиот потпис, но во моментов Арсенал е во предност, бидејќи играчот преферира преселба во Премиер лигата.


Следете го Sportski.mk и на


Арсенал сака да го донесе Белгиецот на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Унаи Емери го добива посакуваното засилување!

Англиските медиуми пренесуваат дека играчот на Барселона, Денис Саурез е на чекор од транс…