Дома Фудбал Ел Нињо се збогува со Мадрид, Ејбар се извлече во шпанската престолнина

Ел Нињо се збогува со Мадрид, Ејбар се извлече во шпанската престолнина

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Ејбар ремизираа со 2:2 во последното коло од Ла Лига и во рамки на мечот за простување на Фернандо Торес.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во 35. минута, Ејбар поведе откако Кике погоди за 0:1, меѓутоа, Атлетико набрзо се врати во мечот.

Фернандо Торес во 42. минута ја искористи асистенцијата, па Дмитровиќ беше немоќен во ситуација против двајца играчи пред себе.

Торес во 60. минута повторно беше поуспешен од голманот на Ејбар во ситуација еден на еден, па погоди за 2:1.

Сепак, само три минути подоцна, Лукас Ернандес заработи втор жолт картон и автоматски црвен картон, па Ејбар имаше човек повеќе на теренот.

Играчката предност, гостите ја искористија во 70. минута откако Пенје ги постави конечните 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез го напушта Атлетико Мадрид – пристигна понуда од 150 милиони која не можеше да се одбие

Иако неодамна од Атлетико Мадрид порачаа дека Хулијан Алварез не е за продажба, изгледа де…