Дома Трансфер зона „Ел Класико“ за ѕвездата на Наполи

„Ел Класико“ за ѕвездата на Наполи

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Фабиан Руиз на лето влегува во последната година од договорот, па поради тоа Наполи е спремен да слушне понуди.

Најсилен интерес за него покажуваат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона и ќе се обидат на лето да го донесат во своите редови.

Анчелоти одлично го познава Шпанецот бидејќи тој го донесе во Наполи и сака повторно да соработува со него на „Сантиаго Бернабеу“.

Барселона исто така е во потрага по квалитетен играч за врска, а Наполи за неговата слобода бара помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила доведе големо засилување од 45 милиони евра

Завршен е првиот трансфер на звучно име во англиската Премиер лига за следната сезона. Бра…