Дома Трансфер зона „Ел Класико“ за потписот на Фабиан Руиз

„Ел Класико“ за потписот на Фабиан Руиз

Шпанските великани Барселона и Реал Мадрид водат големи битка на и надвор од теренот, а често знаат да „фрлат око“ на исти фудбалери на трансфер пазарот.

Медиумите тврдат дека Барселона и Реал Мадрид ќе водат голема битка за потписот на шпанскиот репрезентативец и член на Наполи, Фабиан Руиз.

23-годишниот Шпанец минатото лето пристигна во Наполи од Бетис и одигра одлична сезона, притоа се избори за место во шпанската репрезентација.

Зидан е голем симпатизер на неговата игра и дал „зелено светло“ за трансферот, а Реал спреми 70 милиони евра за неговиот потпис.

Меѓутоа, проблем за „кралевите“ ќе биде конкуренцијата, бидејќи Барселона веќе подолго време го следи Шпанецот и смета дека ќе биде идеален наследник на Бускетс и партнер на Де Јонг во средниот ред.

Следното лето не очекува „Ел Класико“ за потписот на Фабиан Руиз, а Наполи за неговата слобода бара 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Динамо има нов бисер: Барселона и два италијански клуба во битка за неговиот потпис

Oд поодамна е познато дека школата на Динамо е една од најдобрите во Европа. Невозможно е …