Дома Фудбал Елмас херој на Наполи, му донесе прва победа на Мацари🎥

Елмас херој на Наполи, му донесе прва победа на Мацари🎥

Наполи запиша многу важна победа на гостувањето кај Аталанта со 1:2, а херој беше нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Ова беше деби за новиот тренер Валтер Мацари, кој со победа ја започна својата втора авантура во Неапол.

Наполи поведе кон крајот на првото полувреме со голот на Кварацхелија, но Аталанта израмни на стартот на вториот дел.

Победата ја донесе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој во игра влезе во второто полувреме и стрелаше за конечни 2:1 на асистенција на Осимен кој исто така влезе во игра заедно со Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова грижа за Спалети: Мекени неизвесен за гостувањето кај АЗ

Јувентус има долга листа отсутни, а настапот на Вестон Мекени во Лигата на Европа ќе завис…