Дома Фудбал Елмас се повредил, може да го пропушти натпреварот со Емполи

Елмас се повредил, може да го пропушти натпреварот со Емполи

Лоши вести пристигнуваат од Наполи, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е повреден и најверојатно нема да биде во комбинација за неделениот натпревар на Наполи против Емполи.

Елмас се пожалил на болки во пределот на тетивата и не тренирал утрово со соиграчите, туку одработил само тренинг во теретана.

Од Наполи се надеваат дека по краткиот одмор се ќе биде во ред и Елмас повторно ќе се стави на расплагање на Спалети, сепак се напоменува дека можно е да не игра со Емполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…