Софија Кенин која е бранителка на Австралија Опен е елиминирана во 2. коло..
Кенин изгуби од Естонката Каја Канепи која славеше со 2:0 во сетови (6:3, 6:2). Резултатот е изненадување, но и не некоја сензација. Оние што повеќе го следат женскиот тенис знаат дека Канепи игра одлично од стартот на сезоната.
Колку добро играше Естонката најдобро зборува податокот дека Кенин не направи ниту еден брејк.