Дома Фудбал Една од најлудите прослави вчера ја имаше Рио Фердинанд (ВИДЕО)

Една од најлудите прослави вчера ја имаше Рио Фердинанд (ВИДЕО)

Тотенхем вчера во еден епски натпревар во Лигата на шампионите го победи Ајакс во Амстердам со 3:2 и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.

Третиот и одлучувачки гол „петлите“ го постигнаа во 96-тата минута преку Лукас Моура кој на тој начин комплетираше хет-трик, а овој гол го прослави и поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.

Фердинанд во овој момент работи како стручен коментатор на „БТ Спорт“, а камерата го „улови“ токму во моментот кога Моура го постигна третиот гол.

„Ако сакате фудбал ќе ги разберете овие емоции“, напиша Ферднинанд на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…