Медиумите во Италија пишуваат дека Милан ги следи настапите на Матео Песина кој во последно време игра одлично во дресот на Аталанта.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Песина игра одлично и добива голема доверба од Гасперини, освен тоа со добрите настапи за Италија тој си обезбеди и повик од селекторот Роберто Манчи за репрезентацијата на Италија.
И вчера Песина одигра одличен меч, постигна два гола во натпреварот против Наполи во Купот на Италија. Според информациите Милан веќе некое време го следи Песина, а тие имаат и предност во однос на другите клубови.
Имено „росонерите“ го продадоа Песина за нешто помалку од два милиони евра, но во договорот има и клазула со која треба да добијат 50% од следната продажба. Тоа би и одговарало на Аталанта затоа што ако го продадат на Милан нема да треба да даваат 50% од сумата.