Дома Моторспорт Еден-два победа на Ферари во Сингапур

Еден-два победа на Ферари во Сингапур

Себастијан Фетел конечно победи, а Ферари стигна до голем триумф на ноќната трка во Сингапур.

Фетел е најголем добитник откако направи предност во однос на Леклер во периодот кога болидите влегуваа во боксот.

Германецот реши прв да влезе во бокс, и ова се покажа како прав потег. Кога Леклер влезе по нови гуми само еден круг подоцна, и покрај тоа што имаше предност и доби побрз сервис од механичарите, се најде зад својот тимски колега.

Макс Ферстапен е третиот возач кој успеа да избори подиум, додека актуелниот шампион Луис Хамилтон мора да се задоволи само со четвртото место.

Со бодови завршија уште Валтери Ботас, Алекс Албон, Ландо Норис, Пјер Гасли, Нико Хулкенберг и Антонио Џованицаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Вилагош добива 10.000 евра, Трипковиќ доживотно месечно примање

Србија ги награди освојувачите на европски и светски медали и нивните тренери, а посебно н…