Вечерва се одигра дербито во Премиер лигата помеѓу Тотенхем и Челзи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тотенхем беше означен како благ фаворит пред почетокот на натпреварот поради формата во која е екипата на Челзи, но изгледа дека со доаѓањето на Тухел веќе некои работи се промениле на подобро.
Челзи со Тухел веќе трет натпревар во низа не прими гол. „Сините“ со него на клупата одиграа 0:0 против Вулвс и славеа против Барнли (2:0), а вечерва го добија Тотенхем на гости со 0:1.
Единствениот гол за Челзи го постигна Жоргињо од пенал во првото полувреме.
Со овој пораз Тотенхем и Мурињо влегуваат во една криза на резултати од три порази во низа. Избраниците на Мурињо претходно беа поразени од Ливерпул (1:3) и Брајтон (1:0).