Дома Топ вести Европските гиганти се „тепаат“ за новата белгиска ѕвезда

Европските гиганти се „тепаат“ за новата белгиска ѕвезда

Играчот од средниот ред на Андерлехт Самби Локонга е новата белгиска ѕвезда која го привлече вниманието на европските гиганти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.

Оваа сезона настапи на 16 меча за Андерлехт на кои постигна 2 гола и запиша 1 асистенција, а скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време.

За него интерес покажуваат Милан, Манчестер Сити, Арсенал, Лајпциг, Севиља и Баерн Минхен, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.

Андерлехт нема лесно да се откаже од Локонга и за неговата слобода бара 30 милиони евра, што ќе биде најскап излезен трансфер во белгиското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…