Дома Фудбал Англија Евертон конечно пронајде тренер и ги изненади сите!?

Евертон конечно пронајде тренер и ги изненади сите!?

Роналд Куман после серијата слаби резултати доби отказ на „Гудисон Парк“, а раководството на Евертон се уште трага по неговата замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Давид Унсворд е поставен како вршител на должност, голем број на тренерски имиња се поврзуваат со клубот од Ливерпул, но се уште не е пронајдено решение.

Последните информации од англиските медиуми велат дека изборот паднал на тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто.

Португалецот минатата сезона го предводеше Порто, не успеа да направи поголем успех со „змаевите“, па остана без работа. Меѓутоа, неговиот менаџер Жорге Мендеш експресно му најде нов клуб, па сега одлично го предводи Вулверхемптон во Чемпионшип.

Еминентниот новинар, Гилем Балаге пренесува дека раководството на Евертон навистина го контактирало Португалецот, но се уште не е донесена конечна одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Силекс и Шкендија ги дознаа противниците во Конференциската лига

Македонските претставници ги дознаа своите противници за стартот на квалификациите во Конф…