Дома Останати Кошарка Драма во Евролигата: Мициќ погоди тројка во последните секунди за победа на Ефес!

Драма во Евролигата: Мициќ погоди тројка во последните секунди за победа на Ефес!

Кошаркарите на Анадолу Ефес остварија победа во првото полуфинале на Ф3 во Евролигата откако го совладаа Олимпијакос со 77:74 со тројка во послендата секунда на Василије Мициќ.

Натпреварот беше неизвесен од почетокот до крајот, а вистинска драма гледавме во последните моменти од натпреварот. Слукас од линијата на слободни фрлања намали на 74:72, а на другата страна Моерман промаши отворена тројка и започна вистинска драма во последните 30 секунди.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После нападот покрај аутот, Хасан Мартин одлично се снајде и од под кошот погодува на 20 секунди пред крајот со што изедначува на 74. Во последниот напад на Ефес одговорноста ја презема Василије Мициќ кој во соло акција погодува тројка за три поени и финале.

ТРОЈКАТА СНИМЕНА ОД ПУБЛИКАТА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Ун…