Дома Македонски спорт Мак фудбал До крајот на годината Штип добива модерен стадион! 📸

До крајот на годината Штип добива модерен стадион! 📸

Штип до крајот на годината ќе добие модерен и репрезентативен стадион со категоризација за натпревари и од највисок ранг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Градоначалникот Иван Јорданов на својот Фејсбук профил објави дека е планирано до крајот на годината работата да биде завршена.

„Денес започнуваме со внатрешно уредување и изведба на нова пристапна улица и нов влез со дополнителни паркинг места,а според динамиката на градежните работи до почетокот на новата сезона очекуваме да биде завршена западната трибина.

Општина Штип ќе ги изврши сите неопходни активности за изградба и на источната трибина за градскиот стадион да биде по сите европски стандарди со што Штип ќе биде спремен да пречека големи фудбалски клубови и имиња“, стои во објавата на Јорданов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…