Хулијан Алварез (23) минатото лето дојде во Манчестер Сити од Ривер Плата за 20-тина минилиони евра, но веќе во наредниот преоден рок би можел да се пресели на позајмица во Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Покрај Eрлинг Халанд, младиот напаѓач не добил доволно простор и поради тоа сака клуб каде што ќе игра повеќе, пренсуваат „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, но и аргентинскиот новинар Цезар Луис Мерла.
Според информациите и Манчестер Сити би можел да ја прифати опцијата Алварез да оди во клуб каде што повеќе ќе игра, неговиот договор со „грѓааните“ е со 2027 година. Се истакнуваат и добрите односи помеѓу двата европски гиганти.
Барселона се обидуваше да го доведе Алварез и додека беше во Ривер, но тогаш напаѓачот го избра Сити. На Каталонците им е потребна помлада поддршка на Роберт Левандовски, а ако не успеат да го доведат Алварез, опција е и Витор Рике од бразилескиот Атлетико Параненсе.