Дома Трансфер зона Дортмунд тврди: Халанд следната сезона ќе биде со нас!

Дортмунд тврди: Халанд следната сезона ќе биде со нас!

Раководството на Борусија Дортмунд планира да го задржи во тимот голгетерот Ерлинг Халанд и следната сезона, и покрај инетерсот на европските гиганти.

20-годишниот Норвежанец постигна 33 гола на 34 меча во сите натпреварувања и е трансфер цел на половина Европа.

Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона веќе ја започнаа битката за негов потпис и имаа контакт со неговиот агент.

„Имаме јасен план. Следната сезона ќе ја започнеме со Халанд во тимот“, изјави спортскиот директор на „милионерите“ Михаел Цорк.

Халанд во договорот има откупна клаузула од 75 милиони евра која ќе се активира следното лето, а Борусија може ова лето да го продаде за значитечно поголема сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Доказ дека Роналдо си заминува од Јувентус🎥

Иднината на Кристиано Роналдо во Јувентус е неизвесна и се погласни се шпекулациите дека ќ…