Дома Трансфер зона Дортмунд: Санчо останува, никој не може да го плати

Дортмунд: Санчо останува, никој не може да го плати

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке е убеден дека Џејдон Санчо ќе остане во клубот и следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Милионерите“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра, а Вацке смета дека во моментов нема клуб кој е спремен да ја плати таа сума.

„Ако Џејдон дојде и каже дека сака да си замине од Бундеслигата, независно од се, и има клуб кој е спремен да ја плати неопходната сума, тогаш ќе го разгледаме тоа прашање. Но, до сега тоа не се случило. Не мислам дека има клуб кој е спремен да плати колку што ние бараме за Санчо“, изјави Вацке.

„Ние со сигурност нема да правиме попуст поради пандемијата. Стигнавме до таа етапа на развој на клубот, во која не сме приморани да ги продаваме ѕвездите по секоја цена. Затоа не верувам дека ќе има трансфер на Санчо ова лето“, категоричен беше директорот на Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…