Репрезентативецот на Македонија, Доријан Бабунски е пред трансфер во Швајцарија во редовите на Грасхоперс, објави медиумите „Немзети спорт“ од Унгарија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Показател дека се работи на трансферот на македонскиот фудбалер е и тоа што тој вчера не беше во составот на Дебрецен во поразот од МТК (1:3).
Во текстот се наведува дека Дебрецен добил одлична понуда од швајцарскиот тим и не сакал да ја пропушти приликата.
Бабунски во минатата сезона беше најдобар стрелец на Дебрецен, постигна 13 гола и беше избран за играч на годината во клубот.