Oдличен натпревар во Лос Анџелес одиграа Лејкерси и Далас, а гостите славеа по две продолженија со 115:119.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најзаслужен за победата на Далас повторно беше Лука Дончиќ кој со две тројки во регуларниот дел и во првото продолжение го спасуваше својот тим од пораз.




Натпреварот Словенецот го заврши со трипл-дабл од 35 поени, 14 скокови и 12 асистенции. Во редовите на Лејкерси најдобар беше Вестбрук со 28 поени.
Во дерби натпреварот на истокот на Портланд не му помогнаа ниту 50 поени на Демијан Лилард бидејќи беа поразени од Кливленд со 113:119.




Се одиграа и уште три натпревари во нови Оклахома славеше кај Филаделфија со 114:133, Мајами беше подобар од Милвоки со 108:12 и Торонто дома го совлада Шарлот со 124:114.



