Дома Фудбал Италија Домот на Јувентус го промени името – ќе се вика „Алијанц Стадиум“

Домот на Јувентус го промени името – ќе се вика „Алијанц Стадиум“

Италијанскиот шампион Јувентус денес и официјално го промени името на својот стадион кој од 1. јули ќе го носи името „Алијанц Стадиум“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус денес потпиша договор со компанијата „Алијанц“ за бреднирање на својот стадион, а договорот ќе трае до 2023 година.

Со ова компанијата „Алијанц“ бредираше уште еден стадион после „Алијанц Арена“ во Минхен, „Алијанц Стадиум“ во Сиднеј, „Алијанц Ривиера“ во Ница „Алијанц Парк“ во Сао Паоло „Алијанц Парк“ во Лондон и „Алијанц Стадион“ во Виена.

Финансиските детали не се познати, а италијанските медиуми шпекулираат дека Јувентус од овој договор годишно ќе добива помеѓу 20 и 30 милиони евра, со што додатно ќе ја зацврсти својата финансиска стабилност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар ремизираше со Ла Фиорита на подготовките во Италија

Македонскиот шампион Вардар одигра 1:1 против Санмаринскиот тим Ла Фиорита во пријателски …