Дома Трансфер зона Додека Барса и Атлетико се расправаат третолигаш му порача на Гризман: Ние сме тука!

Додека Барса и Атлетико се расправаат третолигаш му порача на Гризман: Ние сме тука!

Ситуацијата околу Антоан Гризман се искомплицира откако го пропушти првиот ден од припремите на Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После неколку турбулентни денови она што го планираше – не се појави на припремите.

Гризман се наоѓа на излезни врати од Мадрид, но преговорите помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона не одат во добра насока бидејќи Каталонците не сакаат да ја платат клазулата.

Атлетико се налути поради таквото однесување на Барселона и преку соопштение испратија критики до Каталонците и Гризман.

„Јорганџиите“ и го казнија Гризман поради недисциплина и тој ќе мора да им плати парична казна од 200.000 евра.

И додека сето ова е во тек Гризман доби понуда од третолигаш од Шпанија.

Мерида е клуб кој влезе во третатата лига и тие му се понудија на Гризман во случај да му пропаднат сите опции.

Покрај тој предлог му оставија и неколку фотографии.

Меѓутоа навивачите на овој клуб реагираа на оваа објави и во коментарите на социјалните мрежи порачуваа дека играч со таков карактер не им е потрбен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…