Дома Останати Договор од соништата: Квотербекот на Канзас потпишува за пола милијарда долари!

Договор од соништата: Квотербекот на Канзас потпишува за пола милијарда долари!

Патрик Махомс, квотербекот на Канзас сити, договори продолжување на соработката на 10 години, и тоа за сума од 45 милиони долари по сезона, односно вкупно 450 милиони долари.

Махомс е најзаслужен што Канзас сити по половина век ја освои титулата во американски фудбал, а тој беше МВП на лигата, а потоа и МВП на Суперболот.

Иако ова уште не е официјално, јасно е дека Махомс ќе стане сопственик на најголемиот договор во историјата на спортот. Дел од медиумите пишуваат и за уште поголема сума од 503 милиони долари.

И покрај фантастичниот договор Махомс нема да биде најплатен по сезона, зашто пред него е Расел Вилсон со плата од 53 милиони долари годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Кифисија не остави простор за пресврт: европски крај за одбојкарките на Работнички

Македонскиот женски одбојкарски првак загуби со 0:3 и во Скопје, завршувајќи го настапот в…