Дома Фудбал Договорени сите детали, Леао става потпис наредните денови

Договорени сите детали, Леао става потпис наредните денови

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан постигнал комплетен договор со Рафаел Леао за продолжување на соработката.

Подоголо време Португалецот и Милан водеа преговори за продолжување на соработката и сега конечно е постигнат договор.

Леао ќе биде најплатен фудбалер во тимот и годишно ќе заработува 7 милиони евра плус 2 милиони како бонуси.

Се очекува Леао да стави потпис на договор до 2027 година, а Милан ќе му исплати одреден бонус при потпис на договорот.

Во наредните денови Леао ќе стави потпис на договорот, се очекува тоа да биде после првиот полуфинален меч со Интер во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР го исклучи Костадинов: Словачко остана без Македонецот при 1:1 во Брно

Тихомир Костадинов доби директен црвен картон во 49. минута на гостувањето кај Артис Брно.…