Дома Фудбал Добри вести за Реал, познато кога се враќа Рамос

Добри вести за Реал, познато кога се враќа Рамос

Враќањето на терените на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да се случи порано од очекуваното.

34-годишниот дефанзивец скоро е целосно опоравен од повредата на коленото и може да се врати на терените на дуелот со Елче во Примера во сабота, пишува „Марка“.

Рамос е надвор од терените од 14 јануари, кога се повреди во Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао.

На 6 февруари дефанзивецот направи операција и се очекуваше да се врати во април, но регабилитацијата заврши порано од очекуваното.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем го мерка Крупи: За напаѓачот на Борнмут се споменуваат 100 милиони фунти

Ели Жуниор Крупи се поврзува со јануарски трансфер во Тотенхем, но засега нема конкретна п…