Дома Фудбал Добри вести за ПСЖ: Мбапе ќе биде спремен за Дортмунд

Добри вести за ПСЖ: Мбапе ќе биде спремен за Дортмунд

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе изминатите два дена не тренираше со тимот поради настинка, па дури му беше направен и тест за коронавирус.

За среќа тестот беше негативен, но и здравствената ситуација на Мбапе е многу подобра, па Французинот утрово тренираше со остатокот од тимот.

ПСЖ денес потврди дека Тухел го повикал Мбапе за вечерашниот меч против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.

За очекување е францускиот репрезентативец мечот да го почне од клупата за резерви, а доколку има потреба во игра да влезе во второто полувреме.

За потсетување, ПСЖ вечерва ќе брка негатива (2:1) против Дортмунд за пласман во четвртфиналето во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…