Дома Фудбал Добри вести за Милан пред дербито со Јувентус

Добри вести за Милан пред дербито со Јувентус

Фудбалерот на Милан, Тео Ернандез вчера тренираше со тимот, откако претходните недели беше надвор од теренот поради повреда, објавија италијанските медиуми.

Францускиот лев бек беше повикан во составот за натпреварите од Лигата на нации на крајот на септември, но мораше да се повлече откако ја скина тетивата.

Ернандез ја пропушти победата на Милан над Емполи во Серија А (3:1), како и поразот од Челзи (0:3) во Лигата на шампионите.

Според италијанскиот Скај, 25-годишниот фудбалер треба да биде во составот за претстојното дерби во Серија А, во кое Милан го пречекува Јувентус.

Оваа сезона Ернандез забележа две асистенции, со еден постигнат гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Балoгун го одби Евертон, сега е прв на јануарската листа на Јувентус

Според „Тутоспорт“, Јувентус го ставил напаѓачот на Монако на врвот на своите желби за јан…