Дома Фудбал Англија Ди Матео: Азар поради една причина може да не премине во Реал Мадрид

Ди Матео: Азар поради една причина може да не премине во Реал Мадрид

1

Веќе неколку дена се пишува за тоа дека трансферот на Еден Азар од Челзи во Реал Мадрид е завршена работа.

Како што пренеоса некои медиуми се би требало да биде одлучено после финалето во Лигата на Европа помеѓу Челзи и Арсенал и Белгиецот за сума од 100 милиони евра би требало да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Меѓутоа поранешниот тренер на тимот од „Стенфорд Бриџ“, Роберто Ди Матео смета дека до овој трансфер ова лето може и да не дојде.

На Челзи неодамна му беше потврдена казната поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј околу доведувањето на млади играчи и клубот не може да купува во наредните два преодни рока.

„Сините“ ќе се жалат на арбитражниот суд, но очекувањата се ситуацијата да не се промени и Ди Матео верува дека клубот поради тоа може и да ги задржи своите најдобри играчи.

„Азар е играч кој прави разлика и може индивидуално да го промени текот на натпреварот, а такви не можежете да најдете многу. Би била голема штета за Челзи ако изгуби таков играч“, изјави Ди Матео.

„Мислам дека нема да замине така лесно. Клубот има забрана за доведување на нови играчи и ако пушти да замине таков играч без да доведе адекватна замена тоа би било многу лошо за клубот“, изјави поранешниот тренер на Челзи.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел не беше категоричен дека дека двете најголеми ѕв…