Дома Фудбал Ди Марија ги избра идеалните 11 од соиграчите. Во тимот немаше место за Роналдо и Модриќ

Ди Марија ги избра идеалните 11 од соиграчите. Во тимот немаше место за Роналдо и Модриќ

Легендарното аргентинско крило Анхел Ди Марија (36) од минатото лето повторно го носи дресот на Бенфика.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бенфика беше првиот клуб на Ди Марија во Европа, каде пристигна од Росарио Централ, а потоа играше за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Во својата голема кариера освои се на клупски и репрезентативен план.

Во интервју за аргентинскиот TyC Sports, Ди Марија избираше идеален тим составен од неговите соиграчи од Аргентина и клубовите за кои играше. Со оглед на нивото на кое игра успешно долги години, не е чудно што Аргентинецот состави страшна единаесетка.

Срцето на одбраната го состави од сонародници. На голот е Емилијано Мартинез, кој ја спаси Аргентина титулата светски првак, а стопери се Николас Отаменди и Хавиер Маскерано. Ди Марија на бековските позиции ги стави соиграчите од Реал, Серхио Рамос и Марсело.

Тој се стави на средината на теренот, а за партнери ги избра Руи Коста со кој играше во Бенфика и Нејмар со кој играше во ПСЖ. Во нападот ги стави двајцата најдобри стрелци во историјата на парискиот клуб, Килијан Мбапе и Златан Ибрахимовиќ, со кој играше во Манчестер Јунајтед.

Конечно, на десно крило го смести својот голем пријател Лионел Меси. Ди Марија мораше да изостави многу големи играчи како Кристијано Роналдо и Лука Модриќ со кои освои се во Мадрид. Ди Марија истакна дека Меси е најголемиот на сите времиња, без разлика што одигра многу повеќе натпревари со Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…