Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров: Срушивме се во последните пет минути!

Дибиров: Срушивме се во последните пет минути!

Македонскиот ракометен шампион Вардар, стартуваше со пораз во новата сезона од Лигата на шампионите.

Избраниците на тренерот Стевче Алушовски, во крајно неизвесен натпревар, беа поразени од Мешков Брест со 24:22.

Тимур Дибиров после натпреварот изјави дека тимот направил недопустливи грешки во финишот.

„Честитки до Мешков, имаа одлична поддршка од навивачите. Недозволиво е да правиме вакви грешки, загубивме во последните пет минути. Имавме контрола цели 55 минути, беше и изедначено, па срушивме се во последните пет минути. Дефинитивно има простор за напредок во нашиот тим, но останува само да работиме напорно и да тренираме“, изјави ѕвездата на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија покажа „заби“, но Тотенхем сепак беше „преголем залак“ 🎥

Вечерва на Арената „Тодор Проески“ во Скопје се одигра натпреварот од третото квалификацис…