Дома Фудбал Италија Дибала повторно се повреди

Дибала повторно се повреди

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала ќе отсуствува најмалку 10 дена поради повреда поради која нема да може да настапи за аргентинската репрезентација на следните два пријателски натпревари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што објави аргентинскиот спортски дневен весник „Диарио Оле“, Дибала (30) се повредил во петокот на тренингот на Рома и нема да биде дел од тимот за утрешниот натпревар против Сасуоло во 29. коло од Серија А.

Аргентина игра два пријателски натпревари, на 22 март против Ел Салвадор и на 26 март против Костарика.

Дибала ќе ги прескокне двата натпревари, а според информациите би можел да биде подготвен за натпреварот од 30. коло во Серија А и гостувањето кај Лече кое е закажано за 1. април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан не се откажува: Ибрахимовиќ ќе го убедува Модриќ да остане во клубот

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ сè уште не знае дали ќе ја продолжи кариерата или ќе замин…