Дома Трансфер зона Де Јонг поблиску до „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед и Барселона ја договориле сумата на трансферот?

Де Јонг поблиску до „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед и Барселона ја договориле сумата на трансферот?

Френки Де Јонг во овој момент како и најголем дел од фудбалерите е на летен одмор, а кога во прашање е неговата иднина тој остава се во рацете на Барселона.

Холанѓанецот јавно истакна дека сака да остане во Барселона, меѓутоа остави и простор да биде продаден ако клубот смета дека тоа е потребно за да се намали финансиската криза која се уште е актуелна во Барселона.

„Црвените ѓаволи“ се клубот кој најмногу се поврзуваат со Де Јонг и се обидуваат да го доведат во своите редови. Последната вест околу иднината на Де Јонг ја пренесува каталонскиот „Спорт“. Според нивните информации Барселона и Јунајтед постигнале договор за сумата во трансферот на Де Јонг.

Наводно, договорена е сума од 80 милиони евра како сигруна заработка, меѓутоа во договорот би имало и бонуси со што целата зделка на крајот може да изнесува и 100 милиони евра. Главен иницијатор во Манчестер Јунајтед за доведување на Де Јонг е новиот стратег, Ерик Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Паднал договор: Чурлинов се сели во Барнли!

Новинарот Флоријан Плетенбург кој работи за германскиот „Спорт1“ објави дека постигнат е д…