Дома Фудбал Де Роси: Реал не ни дозволи да ја допреме топката!

Де Роси: Реал не ни дозволи да ја допреме топката!

Капитенот на Рома, Даниеле де Роси призна за надмоќта на Реал Мадрид при победата од 3:0 синоќа на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал Мадрид беше супериорен и оствари рутинска победа во првото коло од Лигата на шампиони.

„Секогаш е деморализирачки кога играш со противник кој те тера да трчаш непрекинато и не ти дава да ја допреш топката. Имавме шанси преку контранапади, но Реал има многу добри дефанзивци“, истакна Де Роси.

„Реал едноставно беше супериорен и треба да го заборавиме овој пораз што е можно побрзо. Требе да се сконцентрираме на натпреварите од Серија А“, додаде ветеранот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Гоце Јовановиќ, долгогодишниот оперативец зад успесите на Балкан

Гоце Јовановиќ почина денеска во Скопје. Долгогодишниот генерален секретар на Балкан беше …