Дома Фудбал Де Роси најави пензионирање: Сакам да бидам тренер!

Де Роси најави пензионирање: Сакам да бидам тренер!

Капитенот на Рома, Даниеле де Роси призна дека последната повреда го натерала да размислива да стави крај на кариерата.

35-годишниот играч за врска се повреди во октомври, а најверојатно на терените ќе се врати во јануари.

„Јас сум среќен човек. Го работам тоа што го сакам, во градот кој го сакам, со луѓе кои ги сакам. Се чувствувам лошо кога гледам дека крајот е блиску. Особено после последната повреда се почуствував далеку од тимот. Ќе ме боли кога ќе завршам со фудбалот, но знам дека крајот е многу блиску“, изјави Де Роси.

„Во иднина имам желба да бидам тренер. Тоа што ме плаши најмногу во тренерската професија е што треба да давам интервјуа по 100 пати неделно“, додаде Де Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилеп се простува од Ристо Глигороски, голгетерот што ги обележа Победа и Вардар

Ристо Глигороски почина на 76 години. Зад себе остави значајна голгетерска трага во Победа…