Дома Останати Кошарка НБА Дејвис и Леброн го срушија Сан Антонио, Дончиќ го водеше Далас до победа 🎥

Дејвис и Леброн го срушија Сан Антонио, Дончиќ го водеше Далас до победа 🎥

Лос Анџелес Лејкерси со резултат 109:103 славеа против Сан Антонио Спарс.

Шампионите ја остварија четвртата победа во НБА лигата совладувајќи ги Спарси со тесен резултат. Ентони Дејвис повторно беше најефикасен со 35 поени и 11 скокови, додека Леброн оствари трипл-дабл со 26 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Лејкерси долго се мачеа, а мечот го добија со серијата од 9:0 во финишот од натпреварот. Кај Спарси Келдон Џонсон постигна 26 поени што за него беше рекорд на кариерата.

Во дивизиското дерби Милвоки убедливо славеше против Чикаго со 126:96. Клучна фигура во новата победа беше актуелниот МВП и дефанзивецот на годината, Јанис Антетокумпо. Јанис имаше 29 поени, 12 скокови и 8 асистенции.

Кошаркарите на Далас со 93:83 славеа против Мајами. Далас во текот на целиот меч беше подобар ривал. Во последната четвртина тие ја изгубија двоцифрена разлика и тоа доволно зборува колкава предност имаа до тогаш.

Дончиќ беше човекот кој го предводеше Далас. Вкупно погоди три тројки, а постигна 27 поени и собра дури 15 скокови, подели и седум асистенции. Тим Хардвеј Жуниор имаше 18. На спротивната страна 19 постигна Бем Адебајо, а 15 уфрли Ејвери Бредли.

НБА РЕЗУЛАТИ: Шарлот – Мемфис 93:108, Далас – Мајами 93:83, Детроит – Бостон 96:93, Бруклин – Атланта 96:114, Милвоки – Чикаго 126:96, Минесота – Вашингтон 109:130, Сан Антонио Спарс – Лејкерси 103:109, Денвер – Феникс 103:106, Јута – Клиперси 106:100, Голден Стејт – Портланд 98:123.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Aматерска грешка: Четворица кошаркари на Денвер беа во контра и сите се наместија на „тројка“

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени од Вашингтон Визардс со 110:112 во Колорадо. Иак…