Стратегот на Веспрем, Давид Дејвис во недела ќе се врати во Скопје како ривал, но одлично знае дека публиката може да „направи разлика“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дејвис, кој му беше помошник на Раул Гонзалез иако знае дека Вардар во моментов има кадровски промени, сепак е претпазлив.
„Вардар е бранител на титулата во ЛШ и играат дома каде ги имаат освоено поголемиот дел од поените оваа сезона. Тимот пати поради повреди, но како и секој друг тим кога игра дома секогаш сака да победува. Сигурен сум дека не чека една тежок меч“, изјави Дејвис.
„Исто така во Скопје и салата ќе биде полна, тоа ќе ни ја отежни работата. Бодовите во Скопје ни се потребни и ако сакаме да завршиме на високо место во групата“.
Дуелот меѓу Вардар и Веспрем се игра во недела од 17:00 часот, а билетите се продадени.