Дома Фудбал Германија Дефанзивецот на Борусија призна: Разговарав со Алегри!

Дефанзивецот на Борусија призна: Разговарав со Алегри!

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастатопулос призна дека имал разговор со тренерот на Јувентус, Макс Алегри во однос на можноста да се пресели во редовите на италијанскиот шампион.

Јувентус после заминувањето на Леонардо Бонучи е во потрага по квалитетен дефанзивец, а Сократис е едно од имињата кое се поврзува со „бјанконерите“.

Грчкиот дефанзивец соработуваше со Алегри во Милан, па италијанскиот стратег одлично ги познава неговите квалитети.

„Со Алегри се познаваме од времето кога заедно бевме во Милан. Имав разговор со него, но тоа не значи ништо. Јас разговарам со многу луѓе. Јас сум професионалец и ќе продолжам да давам 100% од себе за мојот тим“, изјави Сократис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…