Дома Останати Детали и фотографии од местото на среќата каде што загина светскиот рекордер

Детали и фотографии од местото на среќата каде што загина светскиот рекордер

Светскиот рекордер Келвин Киптум го загуби животот во сообраќајна несреќа во неговата родна Кенија.

Киптум загина на само 24 години како последица од фатални повреди со кои се здобил во сообраќајна несреќа. По трагичната вест во медиумите се појавуваат и детали за несреќата.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Светскиот рекордер излетал на делницата Елдорет-Каптаг и со голема брзина се забил во дрво, но автомобилот паднал во канал кој бил во близина. Од силината на ударот автомобилот бил целосно уништен на едната страна. Киптум излетал од него и бил пронајден мртов на лице место од првите очевидци.

Сведоците на настанот откриваат дека неговиот тренер Жеавис Хакизимана го преживеал ударот, меѓутоа во болницата и подлегнал на тешките повреди. Во автомобилот имало и трето лице кое поминало само со полесни повреди.

Ќе потсетиме, Киптум стана првиот човек кој истрчал маратон на границата од два часа (2 часа и 35 секунди). Со оглед на тоа дека имаше само 24 години се предвидуваше дека ќе биде и првиот кој истрчал 42 километри за помалку од два часа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ферстапен ја освои пол-позицијата во Бахреин

Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на првата сезонска трка во Формула 1 шампиона…