Дома Останати Шокирани сме и тажни – огромна загуба за спортот: Светот се збогува со Киптум

Шокирани сме и тажни – огромна загуба за спортот: Светот се збогува со Киптум

Светскиот рекордер во маратон, Келвин Киптум загина на 24-годишна возраст во сообраќајна несреќа.

Со Киптум загина и неговиот тренер Жерваис Хакизимана, а по трагичната вест се јави првиот човек на светската атлетика, Себастијан Коу.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Шокирани сме и тажни поради огромната загуба на Киптум. Ова е голема загуба за спортот. Испраќаме сочувство до нивните семејства, пријатели и колеги“, кажа Коу.

Светскиот рекордер излетал на делницата Елдорет-Каптаг и со голема брзина се забил во дрво, но автомобилот паднал во канал кој бил во близина. Од силината на ударот автомобилот бил целосно уништен на едната страна. Киптум излетал од него и бил пронајден мртов на лице место од првите очевидци.

Сведоците на настанот откриваат дека неговиот тренер Жеавис Хакизимана го преживеал ударот, меѓутоа во болницата и подлегнал на тешките повреди. Во автомобилот имало и трето лице кое поминало само со полесни повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…