Дома Фудбал Ден после големото дерби се огласи газда Морати: Интер може до Скудетото!

Ден после големото дерби се огласи газда Морати: Интер може до Скудетото!

Интер синоќа го совлада Милан со 3:2 во градското дерби и се зацврсти на втората позиција со само два бода помалку од лидерот Наполи.

Поранешниот сопственик на клубот, Масимо Морати веднаш се огласи во јавноста после одличниот страт и изјави дека „неговиот“ Интер може да Скудетото оваа сезона.

„Синоќа се чувствува подобро од било кога, натпреварот беше фантастичен. Дербито е нешто посебно без оглед на кои позиции се наоѓаат тимовите на табелата“, изјави Морати.

„Сонот за Скудето? Наполи е дефинитивно пресилен тим, играат одлично ќе видиме во следното коло. Јас мислам дека овој Интер може да дојде до позитивен резултат во Неапол и може да го освои Скудетото“, заклучи Морати.

Морати потоа беше запрашан да направи споредба помеѓу Спалети и Мурињо.

„Не можам да ги споредам нив двајцата. Спалети е одличен, врвен тренер. Мурињо во тимот ги имаше Снајдер и Камбиасо, двајца големи шампиони“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кровиновиќ замина во Бразил, а Гремио сега стравува од испаѓање

Шест кола пред крајот, бразилскиот великан е под линијата за опстанок. Поранешниот играч н…